Израел поведе и ги налути Спартанците – Нова победа на одбојкарите во Сребрената европска лига

Македонските одбојкари забележаа нова победа во Сребрената Европска лига, откако денеска славеа со 3:1 во сетови против Израел.

Ривалот поведе со 1:0, а изгледаше убедливо на стартот од мечот. Израелците со сигурна игра најавија дека ќе бидат тврд орев, што сепак Спартанците потоа успеаја да го скршат.

Првиот сет го загубивме со 16:25, а потоа имаше голема борба во останатите три сета. Вториот го добивме со 32:30, потоа најавивме и комплетен пресврт за предност од 2:1 во сетови, откако пак бевме подобри за два поени, 31:29, а и завршницата беше неизвесна.

Последниот сет го добивме по голема борба со 25:23 за победа по која се зацврстивме на првото место во нашата група со 12 бода.

Данска е втора со 8, а потоа следат Кипар со четири бода и Израел со 3.

Утре го играме последниот меч од вториот турнир во нашата група против Кипар.

- Оглас -

Најнови вести