21.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Израел следната седмица ќе биде исфрлен од сите меѓународни натпреварувања?

Иако беше најавено дека во вторникот ќе се гласа за исфрлање на Израел од УЕФА, сепак до такво нешто не дојде, пред сè, поради дипломатскиот притисок, а точката воопшто и не беше ставена на дневен ред.

Сепак, британскиот „Тајмс“ најавува дека гласањето ќе се случи следната седмица, а кај членките на УЕФА постои расположение да го поддржат исфрлањето на Израел од меѓународните натпреварувања.

Тоа би значело дека израелските екипи ќе бидат исклучени од натпреварувањата на УЕФА, а репрезентацијата нема да ги продолжи квалификациите за Светското првенство.

Доколку ваквата одлука биде донесена, УЕФА ќе се најде пред предизвик како да ги регистрира натпреварите кои се веќе одиграни, но и они кои допрва треба да се играат.

Според „Тајмс“, доколку УЕФА донесе одлука за суспензија на Израел, иста таква одлука ќе донесе и ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести