28.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Израел засега останува без суспензија, дипломатијата на САД ја одложи одлуката на УЕФА и на ФИФА

Експерти на Обединетите нации побараа од ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел поради војната во Газа. Според нив, исклучувањето на националните селекции е оправдан одговор на сериозните прекршувања на човековите права, но индивидуалните спортисти не треба да бидат казнети.

Апелот следува по јавните изјави на познати личности, меѓу кои поранешниот фудбалер Ерик Кантона и шпанскиот премиер Педро Санчез, кои исто така побараа суспензија.

УЕФА засега не го коментира случајот, а ФИФА нема официјален став. Дипломатската интервенција на САД привремено ја одложи можната суспензија на Израел.

Израелските клубови, како Макаби Тел Авив, ќе продолжат да настапуваат во европските натпревари, но иднината на земјата во Лигата на нациите и другите европски турнири останува неизвесна.

- Оглас -

Најнови вести