Израелската фудбалска федерација (ИФА) ѝ забрани учество во европските купови на УЕФА на екипата на Беитар Ерусалим. Оваа казна за Беитар е поради хаосот што се случи по завршување на финалето на Купот.
Беитар со убедливи 3:0 го победи Макаби Нетанија и се израдува на трофејот, но финалето остана во сенка на дивеењето на навивачите на Беитар. Илјадници навивачи на Беитар втрчаа на теренот и направија вистински хаос, прекинувајќи ја церемонијата на доделувањето на медалите.
На стадионот беше и претседателот на Израел, Исак Херцог, кој веднаш бил евакуиран од трибините. Поради овој инцидент на навивачите, Федерацијата реши дека Беитар нема да игра во квалификациите од Конференциската лига, а засега не се знае кој клуб ќе го заземе неговото место.
Беитар е казнет и со 17.500 евра, а има и условно одземање на три бода за следната сезона доколку фановите на овој клуб направат сличен инцидент.
Како делуваше хаосот по завршување на финалето во Купот на Израел, може да видите ТУКА.