Репрезентацијата на Косово со 1:0 го победи Израел во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство. Со овој пораз, Израел драстично ги намали шансите да се бори за позиција која води на завршницата на континенталниот собир.
Мечот се играше на дождливо време, а очигледно дренажата на теренот на стадионот „Фадил Вокри“ не е на задоволувачко ниво.
Легендата на Израел и најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација Еран Захави, беше разочаран од тоа во какви услови се играше натпреварот.
„Ова повеќе личеше на свињарник отколку на терен. Знаевме дека нема да биде лесно во една таква ситуација и не успеавме да освоиме бодови“, рече Захави.
Израел до крајот на квалификациите ќе треба да одигра уште три меча, и тоа против директните конкуренти за пласман на ЕП, а тоа се Швајцарија и Романија.
“It was more of a pigsty than a football field. We knew it wouldn’t be easy in any situation, and we didn’t take any points tonight.”
🗣 Eran Zahavi of Israel on “Fadil Vokrri” pitch.#KOSISR | 🇽🇰🇮🇱 pic.twitter.com/qzwnTbj3jV
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) November 12, 2023