Израелски фудбалер поради навивачите си оди од Селтик?!

Израелскиот фудбалер Лиел Абада, кој настапува за Селтик, би можел да го напушти шкотскиот шампион поради притисокот од навивачите на тимот, објави тренерот Брендан Роџерс.

„Имав многу разговори со Лиел, тој тренира редовно, но ако не се чувствува добро значи дека не е подготвен. неговите проблеми се од психолошка природа. Не можам да ризикувам, секогаш ќе го поддржувам, но морам да ја заштитам екипата“, рече Роџерс.

Израелскиот репрезентативец не настапи за Селтик во минатото коло против Сент Мирен, а нема да игра ниту викендов против Килмарнок. Тој чувствува голем притисок од навивачите на Селтик кои на секој натпревар истакнуваат транспаренти со поддршка за Палестина.

https://twitter.com/i/status/1758496337538974042

 

Тие се противат на воената интервенција на израелската армија во Газа во која според извештаите на невладините организации биле убиени илјадници невини деца.

„Тој е млад фудбалер, има само 22 години и е далеку од својот дом. Луѓето зборуваат што се случува во Израел, но потоа забораат на тоа, додека за него е реалност. Тоа е неговиот живот“, вели Роџерс кој додаде дека е можно Израелецот да го напушти Селтик.

- Оглас -

Најнови вести