Израелскиот кошаркар беше погоден во глава и делумно остана без вид (Видео)

Израелскиот кошаркар Јам Мадар кој е член на тимот на Фенербахче, беше повреден на дербито од турското првенство против Бешикташ. Мадар беше погоден во глава со тврд предмет фрлен од трибината.

Дербито беше хаотично и дури три пати беше прекинувано поради фрлање на предмети од трибините. Мадар го доигра мечот кој заврши со победа на Бешикташ од 68:64, но потоа се пожали на болки во окото.

„Сега не може да разговараме само за кошарка. Јам Мадар доби ситна пара директно во окото. Можеше да го загуби видот на тоа око. Мадар мораше да замине во соблекувалната да добие лекарска помош. Потоа продолжи да игра, но по мечот е пожали дека има делумно губеше на видот. Се надевам дека веќе вакви немили настани нема да се случуваат. “, рече тренерот на Фенербахче, Димитриос Итудис.

Мадар пред неколку дена беше херој на Фенербахче во победата над Реал Мадрид во Евролигата, постигнувајќи го победничкиот кош во последната секунда од средбата.

- Оглас -

Најнови вести