31.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Израелскиот напаѓач влезе во игра, а навивачите на култниот стадион згрмеа: „Убијци, убијци“

Израелскиот фудбалер Манор Соломон, кој сезонава игра за тимот на Вилјареал и тоа како позајмен играч од англискиот Тотенхем, се најде во фокусот на вниманието на дуелот против Севилја. Вилјареал победи со 2:1 на гости кај Севилја, а Соломон беше во фокусот поради навредите кои ги трпеше од трибините.

Соломон на теренот влезе од клупата за резервни играчи во 84-тата минута, а навивачите на култниот стадион „Рамон Санчес-Писхуан“ бурно реагираа. Израелецот беше дочекан со свирежи, а дел од домашните навивачи почнаа дури и да скандираат „Израелци убијци“.

На Соломон очигледно не му пречеа овие навреди, па само две минути откако влезе на теренот, го постигна победничкиот гол за Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести