Само утре останува НБА-екипите да одиграат три-четири натпревари и да се комплетира регуларниот дел од најсилното кошаркарско натпреварување во светот. На Западната конференција веќе се познати најдобрите 10-те екипи кои ќе продолжат во разигрувањето, додека на Истокот има многу повеќе непознаници.
Ноќеска се играат дури 10 средби, а интересно е дека според коефициентите, „силите се израмнети“, односно на пет меча домаќините се фаворити според понудените квоти, а на пет дуели поголеми шанси да стигнат до победа имаат гостинските екипи.

Во понудата има и голема понуда за „плус-минус“ поени на повеќе од 50 кошаркари.


