Изречена казната за смртоносното стампедо во Салвадор

Фудбалската асоцијација на Салвадор ја изрече казната за клубот домаќин на натпреварот на којшто се случи смротоносното стампедо во кое животот го загубија 12-мина луѓе. Прволигашот на оваа земја, Алијанца, е казнет со забрана на присуство на гледачи на домашните натпревари во времетраење од една година и парично со 30.000 долари.

Дополнително, Алијанца е исфрел од лигата за оваа сезона, а Клуб Депортиво службено го доби мечот и продолжи во следната фаза на плејофот од првенството на Салвадор.

Натпреварот беше прекинат откако од непознати причини настана стампедо на централната трибина. Мечот го следеа околу 44.000 гледачи.

Претседателот на Салвадор, Наиб Букеле, по настапот изјави дека истражните органи ќе ги преземат сите неопходни мерки за откривање на причини и казнување на виновниците.

- Оглас -

Најнови вести