27.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Изум на Артета: Арсенал со попречување се обиде да го сврти во своја корист новото правило

Од оваа сезона стапи на сила новото правило кое вели дека голманите имаат право да ја имаат топката во своите раце само осум секунди. Доколку го прекршат, противничката екипа ќе добие корнер.

Тоа се обидоа да го искористат фудбалерите на Арсенал, кои на дерби-мечот против Манчестер јунајтед постојано го попречуваа голманот Алтај Бајиндир со надеж дека тој нема да успее навреме да ја исфрли топката.

Ова не е чудно ако се знае дека Топчиите минатата сезона постигнаа 31 гол по корнер, дури 11 повеќе од Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести