Извадено телото од авионот во кој настрада Емилијано Сала

По повеќе од две недели трагање, пред два дена беше лоцирано местото каде што се срушил авионот во кој беше фудбалерот Емилијано Сала. Авионот Пајпер Малибу, во кој освен Сала, беше само уште пилотот, паднал во водите на Англискиот канал.

Попладнево од трупот на авионот било извадено и едно тело кое се наоѓало на длабочина од 67 метри. Засега уште не се знае дали е тоа телото на Сала или на пилотот. Потрагата по второто тело уште трае, а се бара начин како да биде извлечен и авионот на површината.

Иако семејството на Сала веруваше дека може да се случи чудо, сепак потрагата по Сала само може да констатира дека се случило најстрашното. Фудбалерот патуваше од Нант за Кардиф, тимот за којшто потпиша непосредно пред да се случи трагедијата.

 

- Оглас -

Најнови вести