Изведоа од центар и за осум секунди примија гол (Видео)

Речиси секој ден има по некој необичен начин да се постигне погодок, а последниот во низата ни доаѓа од Холандија. На дуелот на екипите на Феенорд У21 и Ден Хаг У21 беше постигнат гол само по осум секунди од почетокот на дуелот.

Играчите на Ден Хаг го имаа почетниот удар и не само што не успеаја да ја задржат топката во своите нозе, туку само за осум секунди примија гол. Топката беше вратена кон голманот, кој се лизна и згреши, а тоа го искористи еден противнички фудбалер и лесно погоди во празната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести