Извини Бајден, ова не е сокер, туку фудбал, победи фудбалот (Фото+Видео)

Во пресрет на Мундијалот во Катар, претседателот на САД, Џо Бајден, им посака среќа на своите фудбалски репрезентативци, порачувајќи дека најпопуларниот спорт на светот се вика „сокер“, американски израз за фудбал.

Речиси секаде во светот се вели фудбал, но за Американците тоа е „сокер“.

После победата на Холандија над САД во осминафиналето на СП, холандскиот премиер Марк Руте, преку „Твитер“ имаше порака до Бајден.

„Извини Џо, победи фудбалот“.

- Оглас -

Најнови вести