Извинувањето не го спаси, Арнаутовиќ го чека жестока казна за пцовките кон македонските фудбалери

Фудбалската федерација на Македонија вчера испрати допис до УЕФА, со кој побара да се санкционира австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, за пцовките кои ги упати до македонските фудбалери.

Пред тоа Арнаутовиќ јавно се извини тврдејќи дека не е расист, но се чини дека тоа нема да го спаси откако Дисциплинската комисија на УЕФА отвори истрага против него.

Според правилникот на УЕФА, Арнаутовиќ може да добие жестока казна до 10 натпревари суспензија доколку се утврдат навредите на национална и расна основа.

- Оглас -

Најнови вести