-7.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Извлечени групите: Елмас и Наполи против Реал, Јунајтед и Баерн во реприза на легендарното финале од 1999

Попладнево беше извршена ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите која започнува на 19 и 20 септември. Извлекувањето донесе неколку интересни групи, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во иста група со Реал Мадрид.

Интересно ќе биде и во групата А, каде што ќе играат екипите кои учествуваа во легендарното финале од 1999, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

Бранителот на титулата, Манчестер сити, се најде во група со Лајпциг, Црвена ѕвезда и Јанг бојс, што претставува посакувана ждрепка за Пеп Гвардиола. Одлична ждрепка имаше и екипата на Барселона, која минатата сезона беше елиминира од групите, а оваа сезона ќе игра со Порто, Шахтар Донецк и Антверпен.

Група на смртта според имињата на екипите ќе биде Ф конкуренцијата, во која се ПСЖ, Борусија Дортмунд, Милан и Њукасл.

група А
Баерн Минхен
Манчестер јунајтед
Копенхаген
Галатасарај

група Б
Севиља
Арсенал
ПСВ Ајдховен

група Ц
Наполи
Реал Мадрид
Брага
Унион Берлин

група Д
Бенфика
Интер
Салцбург
Реал Сосиедад

група Е
Феенорд
Атлетико Мадрид
Лацио
Селтик

група Ф
ПСЖ
Борусија Дортмунд
Милан
Њукасл

група Г
Манчестер сити
Лајпциг
Црвена ѕвезда
Јанг Бојс

група Х
Барселона
Порто
Шахтар Донецк
Антверпен

 

- Оглас -

Најнови вести