21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Извлечени групите за фудбалскиот турнир на ОИ во Токио

Фудбалската репрезентација на Бразил до 23 години како бранител на златниот медал на фудбалскиот турнир на ОИ кои летово ќе се одржуваат во Токио, во групната фаза ќе се сретне со сребрените Германци, кои ги победија на турнирот во Рио во 2016 година во пенал-рулет.

Во групата Д, Бразил и Германија уште ќе ги одмерат силите со Брегот на Слоновата Коска и Саудиска Арабија, а дуел од групната фаза на кој исто така ќе треба да се внимава е меѓу Шпанија и Аргентина во групата Ц.

Денешната ждрепка за групите на турнирот во Токио се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих, а тие личат вака:

група А: Јапонија, Јужна Африка, Мексико, Франција

група Б: Нов Зеланд, Јужна Кореја, Хондурас, Романија

група Ц: Египет, Шпанија, Аргентина, Австралија

група Д: Бразил, Германија, БСК, Саудиска Арабија

Стартот на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио е предивден за 22 јули, а ќе трае до 7 август.

- Оглас -

Најнови вести