Барселона се намачи и дури по продолженија успеа да го победи третолигашот Интерсити со 4:3. Во регуларниот дел, средбата заврши 3:3, а Ориол Солдевилја, некогашниот член на школата на Барселона Ла Масија, постигна хет-трик за третолигашот.
Освен трите гола на Солдевилја, кај аутсајдерот се истакна и голманот Гаиска Кампос, со една неверојатна одбрана. Се играше 85-тата минута кога Рафиња имаше идеална ситуација за погодок, но Кампос на фантастичен начин одбрани. Неколку минути подоцна, Интерсити израмни на 3:3, но, за жал на фановите на третолигашот, во дополнителните 30 минути Ансу Фати даде четврти погодок за каталонскиот гигант, кој се радуваше на пласман во следната фаза од Купот на Шпанија.