Ја искасапи девојката, со нејзиното тело ги ранеше кучињата, а сега ќе може повторно да игра фудбал

Бруно Фернандеш е 34-годишен голман кој во 2010 година беше обвинет за убиство на неговата девојка Елиза Самудио. По три години судење, Фернандеш беше прогласен за виновен и осуден на 22 години казна затвор. Беше обвинет за убиство, криење на телото и киднапирање на детето.

Голманот бил бесен бидејќи Елиза барала од него да го признае детето кое таа го родила. Лут на целата ситуација во која се нашол, Бруно со уште еден пријател решил да ја киднапира девојката и да ја убие. Откако ја убиле, нејзиното тело го искасапиле на повеќе парчиња, а потоа со месото нахраниле гладни кучиња. Еден дел од телото го закопале во бетонски ѕид.

Ова е едно од најбруталните убиства во Бразил во последните 10-тина години, а интересно е што Фернандеш во тие моменти бил следен од скаути на Милан и се готвело негов трансфер на „Сан Сиро“. Сепак, откако било откриено дека тој е убиец, наместо во Црвено-црниот дрес, заврши во затвор.

Додека бил во затвор, Фернандеш двапати се обидел да се самоубие. Иако има уште многу години за да ја одлежи казната за убиството, судот му дозволил на Бруно да се обиде повторно да се врати во фудбалот. Голманот доби дозвола за излез надвор од затворот во периодот од 6 наутро до 21 часот навечер. Во тој период ќе може да тренира и да брани.

Фернандеш е најавен како засилување на нисколигашот Пакош де Калдеш. Тој веќе имаше еден настап на пријателскиот меч против Јуруа Индепенденте.

„Голема чест е за мене тоа што повторно се враќам во спортот. Мотивацијата доаѓа од можноста повторно да бранам. Дар од Господ ми е тоа што повторно ќе бидам на теренот. Многу сум мотивиран и сакам повторно да играм“, вели Фернандеш.

Новиот клуб ќе му даде договор на една сезона и ќе добие пристојна плата. Досега Бруно одлежа околу девет години затворска казна, а летоска се стекна со правото да биде дел од полуотвореното оделение во затворот.

 

- Оглас -

Најнови вести