Жоао Феликс ја прекиина претходната врска, а срцето му го освои младата шпанска актерка Маргарида Корсеиро, која е со талентираниот португалски ас во карантин во Мадрид.
Корсеиро изгледа прекрасно, а дел од навивачите на Атлетико Мадрид ја нападнаа со коментари дека е ловец на богатството и парите на Феликс.
Жоао го оствари најскапиот трансфер во минатото лето, кога популарните Јорганџии ѝ платија на Бенфика сума од 120 милиони евра, најмногу во тој преоден рок во светот на фудбалот.
„Не се грижам многу за коментарите. Секој си има право на свое мислење и сè додека не се навредливи, ги прифаќам. Јас и Маргарида сме заедно и тоа нема да се смени, без разлика дали некому му се допаѓа или не“, вели асот на Атлетико.
Корсеиро е млада актерка и одлучи периодот во кој владее пандемијата со ковид-19 да го мине заедно со Феликс.