Ја направија најголемата куп-сензација во модерната германска историја, сега се пред згаснување

Германскиот третолигаш КВЦ Ирдинген не доби лиценца за натпреварување во новата фудбалска сезона во Германија и ќе мора да мине административна постапка, па може дури и да исчезне од фудбалската мапа.

Спонзорот на клубот со 116-годишна традиција, „Ноа груп“ од Ерменија се повлече, тоа го објави преставникот Роман Геворкјан, па Ирдинген нема пари да ја плати потребната котизација за натпреварување во новата сезона и остана без лиценца.

Попознат како Баер Ирдинген, клубот е основан во 1905 година како еден од најстарите во Германија, а во 1985 година ја приреди веројатно и најголемата сензација.

Во финалето на германскиот куп игран во тогашен Западен Берлин пред 70 илјади гледачи го победија великанот Баерн со 21 и ја освоја единствената титула во клупската историја.

Сега ќе мораат да играат во понизок ранг на натпревари, а дури им се заканува и згаснување на клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести