Ја освоија титулата на теренот на најголемиот ривал и наместо славење, веднаш добија помрачување (Видео)

Екипата на Университарио ја освои титулата во Перу откако во плејоф-финалето беше подобар од големиот ривал Алијанца Лима. На првиот меч на кој Универзитарио беше домаќин, резултатот беше 1:1, па Алијанца Лима очекуваше дека во реваншот ќе го искористи адутот на домашен терен, но тоа не се случи.

Само по три минути, Флорес донесе радост за гостите и „студен туш“ за домашните фанови. Алијанца Лима се обидуваше да израмни, но кога гостите погодија по вторпат во 82-рата минута за 2:0, беше јасно кој ќе се радува на титулата.

Судијата покажа шест минути продолжение, а само што измина шестата минута, отсвири и крај на средбата. Само што почнаа гостите да се радуваат, на стадионот беше изгаснато светлото.

Иако имаше 34.000 гледачи на трибините и никој уште не беше заминат од стадионот, домаќинот реши да не дозволи противникот да слави на нивниот терен, а уште помалку тоа да се гледа на телевизиските екрани.

Ривалството меѓу Университарио и Алијанца Лима трае со децении. Овие два клуба имаат одиграно над 360 натпревари, а секако за Университарио ова е една од највредните победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести