Ја пееше химната како никогаш досега, утна пенал, па доби австралиска премија – тоа е Меси!

Аргентина против Полска покажа дека може да победува и во важни мечеви на кои Лионел Меси не постигнува гол.

Меси беше максимално мотивиран, на цел глас ја пееше химната пред натпреварот, а имаше убава прилика да постигне гол, но неговиот шут од белата точка го одбрани Војќех Шченсни.

Сепак, по мечот, Меси имаше причини за радост. Аргентина се пласира во осминафиналето и таму ќе игра со аутсајдерот Австралија на трети декември. Гаучосите не би смееле да киксираат, а потоа им следува четвртфинале со Холандија или САД.

- Оглас -

Најнови вести