Ја победија Шпанија и покажаа дека се спремни за олимпиското злато (Видео)

Во последниот подготвителен натпревар пред стартот на Олимписките игри, кошаркарската репрезентација на САД славеше против Шпанија со 83:76. Во меч на кој одбраната го имаше главниот збор кај двете екипи, Американците победија благодарение на одличната трета четвртина која ја добија со 21:12.

Во поголем дел од првото полувреме, Шпанија имаше предност, која најмногу изнесуваше девет разлика (27:18). Црвената фурија водеше со 46:42 во третата четвртина, кога следуваше серија на САД од 11:0 и го превземаа водството со 53:46, а потоа прв пат поведоа и со двоцифрена предност 57:47.

Од тој момент, па до крајот на средбата, Американците го контролираа водството кое во еден момент изнесуваше и 16 разлика (81:65), па на крајот стигнаа и до победата. Лилард со 19 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а Џонсон додаде 15 поени. Кај Шпанија, а и воопшто на теренот, најефикасен беше Рики Рубио со 23 поени.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести