Матијас Оливеира ја има една од најинтересните фудбалски приказни од актуелната генерација уругвајски репрезентативци, а следен клуб ќе му биде Наполи, каде веќе ги кина медицинските прегледи и останува само да потпише договор.
Оливеира има 24 години и игра на позицијата лев бек, а имаше чудни потези и трансфери во кариерата.
Почна во уругвајскиот гигант Национал и имаше деби од соништата против Ривер плата.
Тоа се случи во 2016 година кога Оливеира беше тинејџер, а Национал го декласира аргентинскиот гигант со 3:0.
Матијас одигра одлично и кога се очекуваше да биде стандарден во составот на Национал, неговиот менаџер повлече чуден потег и го испрати Оливеира да игра во Втората уругвајска лига.
Атенас де Сан Карлос беше новиот клуб на дефанзивецот, но не одигра ниту еден меч и пристигна во Истанбул на преговори со Галатасарај.
Во јули 2017 година дури и ги мина задолжителните медицински прегледи и кога требаше да потпише договор со турскиот гигант неочекувано се премисли и се врати во Уругвај.
Еден месец подоцна се врати во Европа и потпиша за Хетафе во Шпанија. Конечно таму играше стандардно и собра над 100 меча за шпанскиот клуб, а една сезона мина на позајмица во Алабсете.
Сега ги мина медицинските прегледи во Наполи и се очекува само потпис на договорот со третопласираната екипа во Италија.