Дамјан Стојановски е прогласен за најдобар кошаркар во финалето на македонскиот куп, што го доби неговиот тим МЗТ Скопје против вечниот ривал Работнички со 77:69.
Македонскиот репрезентативец постигна клучна тројка во финишот на мечот од многу тешка позиција и во последна секунда од нападот, со што и конечно беше урнат големиот ривал.