Раул Хименез постигна гол по 336 дена пауза, откако ја преживеа страшната повреда на главата.
Мексиканецот кој игра во дресот на Вулверхемптон постигна одличен погодок во победата над Саутемптон од 1:0 во меч од шестото коло во Премиер Лигата.
Хименез во 61. минута, нанижа неколку противнички фудбалери и успешно ја смести топката во мрежата на противничкиот голман и со прославата покажа колку му значи овој гол.
https://twitter.com/nick10bk/status/1442134097191522317