Една од најпопуларните, ако не е и најпопуларна фудбалерка во моментов е репрезентативката на Швајцарија, Алиша Леман, која на социјалните мрежи ја следат над 16 милиони луѓе, но таа вели дека речиси и да не користи телефон, иако постојано објавува фотографии.
„Никој нема да ми верува, но од сите фудбалерки во екипата поминувам најмалку време на мобилниот телефон. Имам 26 години, па не можам по цел ден да седам на телефон. Сакам да живеам и доживеам работи со моите пријатели и семејството. Набрзина се фотографирам и објавувам. Трае две секунди, како и за било која друга личност. Имам нормален живот. Спијам по трп часа секое попладне, потоа играм Фортнајт или гледам Нетфликс.“ – вели Леман.
Фудбалерката на Јувентус во моментов ја следат 16,7 милиони луѓе на Инстаграм и 12 милиони на Тик ток.