Реномираниот британски медиум „Гардијан“ направи листа од 100 најдобри фудбалери во 2021 година и веројатно на неа нема ниту еден македонски играч.
Засега објавена е листата на фудбалери од 71-вото место до стотката и на неа немаше место за ниту еден наш играч.
Листата со топ-100 Гардијан ќе ја објавува парцијално со по 30-мина фудбалери, сè до десетте најдобри кои ќе бидат познати до крајот на годината.
Македонија го има фудбалскиот бисер Елиф Елмас, потоа и Енис Барди, Горан Пандев и уште неколку одлични фудбалери.
https://twitter.com/CalcioEngland/status/1473209202529255425?s=20
„Гардијан“ очигледно не го ценеше ниту настапот на нашата репрезентација на Европското првенство и одличните квалификации за Мундијалот во Катар, што не доведоа во позиција да играме бараж-меч со Италија на 24 март и ако победиме, потоа и со Португалија, или Турција на 29 март, во нокаут-меч за учество на прво светско првенство.