Ја видовте ли репризата од дуелот Конте – Тухел? Сега Нејмар е во главната улога (Видео)

Бразилецот Нејмар и четвртиот судија Ортис Аријас имаа необичен дуел по завршувањето на мечот меѓу Бенфика и Пари Сен Жермен, а ракувањето многу потсети на жешкиот дуел меѓу Томас Тухел и Антонио Конте неодамна на мечот меѓу Челзи и Тотенхем.

Нејмар ладнокрвно се поздрави со Ортис, а четвртиот судија на мечот од ЛШ што се играше синоќа во Лисабон го повлече назад кон себе.

Нејмар сепак не реагираше како што тоа го сторија Конте и Тухел, но со реакција покажа дека не е задоволен од судењето на мечот на „Луж“ што заврши 1:1.

https://www.youtube.com/watch?v=9yJcPjkdNbY

 

- Оглас -

Најнови вести