Ја загуби борбата, не знаеше каде е, па тргна да го напаѓа судијата (Видео)

Маркус Сурин беше поразен во борбата со Девин Пауел, а откако судијата ја прекина борбата и Сурин зеде воздух делумно враќајќи си ја свеста, тој уште не знаеше каде е и го фати судијата за нога во обид со боречки зафат да го преврти на подот.

По неколку секунди, веројатно сфати дека погрешил и реалноста е дека борбата му е загубена. Дека Сурин не е свесен што прави, забележа и неговиот противник кој почна да вика дека Сурин е во аут, па почна да ја слави победата. На судијата не му остана ништо друго освен да констатира дека Сурин не е во состојба да продолжи со борбата.

Оваа сцена се случи на Белатор 232-риот настан во Анкесвил, град во сојузната држава Конектикат во САД.

https://twitter.com/i/status/1188268406006583296

- Оглас -

Најнови вести