Ја засени дури и Дилета: Новинарката која не штеди никого, блесна на првиот ден од СП (Фото)

Убавата новинарка Мелиса Реди од Јужна Африка уште на првиот ден од Светското првенство во Катар го привлече вниманието, дел поради нејзиниот изглед, но и со нејзините ставови и начин на известување.

Реди има 36 години и известува за англиски медиум, а на првиот ден од Мундијалот реши да испрати „отровни стрели“ кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Новинарката беше испровоцирана од говорот на Инфантино, па реши да му возврати.

„Инфантино, ти не знаеш како е да се биде геј. Не знаеш како е да се биде инвалид, ниту како е да се биде Африканец. Не може да најдеш изговор со тоа што само ќе кажеш дека ти е жал за овие луѓе. Неверојатно е тоа дека ти како претседател на ФИФА тоа го зборуваш. Даваш изговори на катарската влада со зборовите дека работниците тука повеќе заработуваат и дека се чувствуваат како да се дома. Тоа е срамота. Ти го оправдуваш модерното ропство. Искажа помалку почитување и го навредуваш модерното општество. Еден ден пред почетокот на СП тврдиш дека ова ќе биде најдобриот Мундијал што некогаш се организирал. Јас мислам дека ќе се види колку е сè ова валкано“, рече Реди во критиката кон Инфантино.

Оваа 36-годишна новинарка е специјализирана за мечевите од Премиер лигата и во Англија е нешто слично како што е Дилета Леота во италијанската Серија А. Мелиса има направено многу интервјуа со многу познати спортисти, а во 2020 година ја издаде својата прва книга „Како Јирген Клоп го создаде шампионскиот Ливерпул“.

- Оглас -

Најнови вести