Легендарниот бразилски стадион „Маракана“ ќе биде затворен во следниот период. Како причина за затворањето се наведува оштетениот терен и поројните дождови кои беа во изминатиов период, кои направија поголема штета на стадионот.
„Маракана“ е најкористениот стадион во Бразил и само во 2023 година на овој терен се одиграни 55 натпревари. Според програмата, в четврток Флуминесе ќе биде домаќин на Олимпија во четвртфиналето од Либертадорес купот, а потоа ќе играат и Фламенго против Интернасионал, по што ќе биде ставен клуч на вратата.
„Имајќи предвид дека е направена штета која не може да се санира без затворање на стадионот, од сабота ќе бидат прекинати сите активности. Така ќе се има и повеќе време да се санира тревникот“, стои во соопштението од администрацијата на стадионот.