Болшунов и Јакимушкин ја израдуваа Русија со злато и сребро, Ставре Јада заврши на 56-то место во најчудниот маратон на ЗОИ

Александер Болшунов и Иван Јакимушкин и донесоа огромна радост на Русија со злато и сребро на маратон во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг, а бронзата му припадна на Симен Кругер од Норвешка.

Македонскиот олимпиец Ставре Јада го освои 56-то место во најчудниот маратон на Олимпијадите, бидејќи се трчаа 30 километри, наместо вообичаените 50, а причината е силниот ветер во Пекинг.

Болшунов потврди дека е неприкосновен во крос-кантри трчањето со петтиот медал во Пекинг, а сега освои ново злато со време 1:11:32,7 часа.

Јакимушкин е втор и сребрен во Пекинг со заостанување од 5,5 секунди. Апсолутен руски триумф спречи Кругер со освојување на бронзата пред четвртопласираниот руски олимпиец Артем Малцев.

Јада доцнеше за 14 минути и 9 секунди зад новиот олимписки шампион и зад себе остави тројца крос-кантри тркачи.

- Оглас -

Најнови вести