17.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Јагуриноски официјално го засили ГРК Охрид

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриноски е нов ракометар на ГРК Охрид!

Десниот бек (27 години, 187 см.) потпиша двегодишен договор со популарните Гладијатори. Томи е вториот екс-вардарец по Младен Крсманчиќ кој потпиша за охриѓаните во последните три дена.

Јагуриноски во ГРК ОХрид доаѓа од германски Десау, а во македонската лига најдолго се има задржано во Вардар 1961 и Металург.

Неговото пристигнување претставува значајно засилување за тимот во борбата за повисок пласман во македонското првенство и на европската сцена во ЕХФ Европскиот Куп.

„Чест ми е што ќе се придружам на колектив како ГРК Охрид кој има голем напредок и амбиции како клуб. Охрид е македонскиот бисер и задоволство е да се игра за овој дрес и овие навивачи. Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за подобри резултати и исполнување на амбициите на клубот”, изјави Јагуриноски.

 

 

- Оглас -

Најнови вести