Македонија загуби од Холандија со 37-32, па сега мислите се насочени кон мечот против Гвинеја, на кој треба да се потврди пласманот во следната рунда.
Бекот на македонската репрезентација, Томислав Јагуриновски, вели дека имавме шанси да се вратиме во мечот против Холандија, но на крајот противникот беше подобар.
„Беше еден тежок меч за играње. Игравме против силна репрезентација со квалитетни играчи. Искрено не знам што беше пресудно, едноставно мечот беше таков каков што беше. На крајот тие беа подобри, иако имавме шанси да се вратиме, сепак на крајот бевме поразени. Исто како и на овие два меча, така и против Гвинеја. Одиме со сите сили, мораме да победиме на овој натпревар за да продолжиме во наредната фаза.“ – вели Јагуриновски.