Јагуриновски: Победа за Македонија!

По победата над Швајцарија, за Томислав Јагуриновски настапот на македонскиот тим на ЕП 2024 во Германија сепак може да се смета како успешен. По поразите од Франција и Германија, дојде победа над Швајцарија, против која знаевме дека можеме да се надигруваме.

„Многу тежок натпревар, се боревме во сите 60 минути, имаше и добри и лоши работи, но на крајот победата е за Македонија. Генерално сум задоволен бидејќи на првите два натпревара игравме против едни од најдобрите репрезентации во светот. Можеби тие мечеви не требаше да завршат како што завршија, но генерално сум задоволен од настапот на Европското првенство. Се стремиме да бидеме подобри, сега ги очекуваме следните предизвици“, вели Јагуриновски.

- Оглас -

Најнови вести