Јаховиќ дава голови пред ЕП, време е за прошка и настап за Македонија во Букурешт и Амстердам (Видео)

Адис Јаховиќ повторно беше стрелец за Гезтепе и сега има постигнато седум гола на последните седум меча во турското првенство, со што потврдува дека е во топ-форма.

Денеска погоди во 66. минута во победата на Гезтепе од 3:2 против неговиот поранешен тим Анталијаспор и тоа на гостински терен.

https://twitter.com/Linkver04765817/status/1388864536334282752?s=20

Јаховиќ се разигра и распука во финишот на турското првенство, а повторно ја потврдува високата класа, бидејчи во неколку минати сезони беше меѓу најдобрите стрелци во Турција.

За Македонија не настапува од октомври 2017 година, откако по мечот со Лихтенштајн во Струмица влезе во кавга со селекторот Игор Ангеловски.

Поголемиот дел од јавноста бара Јаховиќ да биде повикан за Европското првенство на кое Македонија летово ќе има историски настап на големо натпреварување, но клучот и одлуката се кај селекторот Ангеловски.

Македонија ќе игра без Илија Несторовски, кој е повреден, па можеби е време за прошка и за настап на Јаховиќ на ЕП. Македонија ќе игра со Австрија на 13. јуни во Букурешт, потоа на истото место и со Украина на 17. јуни, а фазата по групи ќе ја завршиме со меч против Холандија на 21. јуни во Амстердам.

 

- Оглас -

Најнови вести