Јаховиќ ќе даде гол против најдобрата одбрана во турската лига

Коњаспор – Малатијаспор (фудбал, Турција, 19.00 часот)

Ова ќе биде петти меѓусебен дуел на овие два тима, а интересно е што никогаш не победил тимот кој бил во улога на домаќин и никогаш не паднале повеќе од два гола, но и немало 0-0. Но, тоа е веќе зад нас во минатото. Сезонава на мечевите на Малатијаспор во просек паѓаат над 3,5 голови по натпревар. Коњаспор има примено само 6 гола и тоа е најцврстата одбрана во лигата засега. Адис Јаховиќ е најефикасен поединец во Малатија, а за него оваа средба е посебно значајна бидејќи токму од Коња дојде во Малатија.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Фрозиноне – Ливорно (фудбал, Италија 2, 21.00 часот)

Фрозинионе е 18-ти, а Ливорно 20-ти на табелата, па ова е дуел на тимови од долниот дел во италијанската Серија Б. Мора да почнат да победуваат, ако сакаат да се одлепат од дното и да останат во лигата. Охрабрувачки за Фрозиноне е што сезонава нема пораз на свој терен, но, за секој случај, не е лошо покрај единицата да се додаде и икс, па да се искомбинира со бројот на голови.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.51)

 

Ленс – Оксер (фудбал, Франција 2, 20.45 часот)

Некогашните прволигаши се во различна состојба. Ленс игра одлично, врза четири победи едноподруго и важи за еден од главните кандидати за враќање во елитата, иако заостанува четири бода помалку од Лориен. Оксер игра многу променливо, но вреди да се спомене дека овој тим дава гол на последните седум натпревари. Претходните три меѓусебни дуели завршија со 2-3 гола.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.98)

 

Гетеборг – Ѓургарден (фудбал, Шведска, 19.00 часот)

Гостите се во мртва трка со Малме, АИК и Хамарби за титулата, па немаат право на кикс, особено што во минатото коло загубија во дербито од Хамарби. Ако победи или ремизира против Гетеборг, Ѓургарден ќе избие на прво место. Гетеборг три кола не знае за победа и нема постигнато гол. И традицијата е на страна на гостите, кои ги добија последните осум средби.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

Шефилд јунајтед – Арсенал (фудбал, Англија, 21.00 часот)

Последната лигашка победа на гости Арсенал ја извојува уште во првото коло на 11-ти август. Сега Топчиите имаат идеална прилика да го прекинат постот. Шефилд дома има три порази по ред, а два месеци нема дадено гол пред своја публика. Овие два тима не играле еден против друг веќе 11 сезони. Арсенал со победа би дошол на еден бод зад Манчестер сити.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Арминија Билефелд – Хамбургер Т2 2+& ГГ (2.70)

Бреша – Фиорентина Х2 & 2-4 (2.10)

Шефилд јунајтед – Арсенал Х2 & ГГ (2.20)

- Оглас -

Најнови вести