Јаховиќ предводеше малку поинаков напад (Фото)

Адис Јаховиќ сè уште е непоразен со Анталијаспор во натпреварите од турското првенство, а по мечот со Сиваспор, доби малку поинаква задача. Поранешниот македонски репрезентативец, кој игра во одлична форма и е трет стрелец во шампионатот на Турција, ја предводеше екипата што правеше дезинфекција на стадионот во Анталија.

Јаховиќ е голема ѕвезда во Турција и со него на пет меча откако е член на Анталијаспор тимот е непоразен во најсилната тамошна лига. И во претходните клубови за кои играше беше меѓу топ-стрелците во Лигата и меѓу најдобрите играчи во првенството.

 

Турската Суперлига веројатно ќе продолжи како и досега, со натпревари без публика, иако има спротивставени мислења. Поради критика упатена кон челниците на Турската фудбалска федерација дека го ризикуваат животот на играчите ако не го прекинат првенството, „настрада“ Џон Оби Микел, кој беше отпуштен од Трабзонспор.

Во најквалитетната турска фудбалска лига играат двајца наши интернационалци, поранешниот сениорски репрезентативец Адис Јаховиќ за Анталијаспор и Ердон Даци, кој е младински репрезентативец на Македонија, а настапува за Коњаспор.

 

- Оглас -

Најнови вести