Чудно исклучување – Јаховиќ се лизна на дербито, судијата не му прости (Видео)

Адис Јаховиќ е исклучен на дербито меѓу Анталијаспор и Фенербахче, а на чуден начин се лизна и стартуваше директно со ѓон на противникот.

Иако стартот беше ненамерен, судијата Бахатин немаше милост и по прегледувањето на спорниот момент од 43-тата минута, со помош на ВАР-системот го исклучи Јаховиќ.

Домаќините ќе мораат да играат без својот најдобар стрелец цело второ полувреме. Со голот на Туфан во 49-тата минута Фенербахче поведе со 1:0, но веднаш потоа израмни Лукаш Подолски.

Подолски погоди во 52-рата минута, а по 65 минути игра сè уште е 1:1.

- Оглас -

Најнови вести