Адис Јаховиќ ја одработи казната од два меча по исклучувањето во меч од купот на Турција и со гол од пенал му обезбеди еден бод на Коњаспор на гостувањето кај Ризе.
Македонскиот интернационалец влезе во игра од клупата на почетокот на второто полувреме, а погоди од белата точка во 81. минута. Доволно за израмнување на 1:1 и еден бод за гостите.
Лани, Јаховиќ беше еден од најдобрите стрелци во турското првенство и тоа со настапи за два клуба, Гезтепе и Коњаспор.