Јаховиќ: Вечерва ќе ја гушкам топката

Адис Јаховиќ беше вистински херој во победата на неговиот Гезтепе на гости кај Хатајспор со 3:2. Некогашниот македонски репрезентативец беше незадржлив и ги постигна сите три погодоци за гостите.

Во првото полувреме Јаховиќ даде два гола, а хет-трикот го комплетираше во 78 минута. Пет минути подоцна беше повлечен од игра. По завршување на мечот, Јаховиќ како сувенир ја доби топката со која се играше мечот.

На својот Инстаграм профил, голгетерот порача дека вечерва покрај него ќе спие и ќе ја гушка токму топката со која даде три гола и донесе три бода на неговиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести