Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер има големо засилување за следните три сезони и за битолчани на пикерската позиција ќе игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.
Пешевски има 31 година и се враќа од Бундеслигата каде настапуваше за Штутгарт во македонското првенство како нов член на македонскиот ракометен гигант, Пелистер.
Претходно тимот од Битола, кој е вицешампион на Македонија ги ангажираше и Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев.
Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона.
Одличниот пивот и стандарден македонски репрезентативец настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт. Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција.