Јака статива: Ливерпул „скина“ тикет кој имаше коефициент 250 од играчите на Спортска прогноза

Одличен се покажа инстинктот на најголем дел од играчите на Спортска прогноза кога се работи за мечевите кои се играа вчера. Дури седум меча беа неделни од „Среќна 13-ка“, а ние решивме да ви понудиме тикет според најголемиот процент на прогнозирани фиксови.

Селта Виго и Њукасл доминираа на свој терен. Шпанскиот тим со убедливи 6:0 го победи Алавес, а Њукасл со 3:0 го победи Шефилд. Од фаворитите, до три бода стигнаа: Челзи на гости кај Астон вила (2:1), Валенсија против Осасуна (2:0), Интер – Сампдорија (2:1) и Сосиедад – Реал Мадрид (1:2).

Од сите неделни мечеви, единствено киксираше лидерот во Премиер лигата, Ливерпул. Тимот на Јирген Клоп беше фаворит против Евертон, но одигра само 0:0 на „Гудисон парк“ против градскиот ривал Евертон.

Од понудениот тикет, за денеска остана само уште мечот Вилјареал – Севилја, каде што најголеми прогнози има за „икс“. Доколку вечерва овој меч во Шпанија заврши нерешено, тогаш Ливерпул ќе биде единствениот кикс на тикетот кој вкупно правеше коефициент од 250.

Ова покажува дека прогнозите на играчите на Спортска прогноза често знаат да понудат вистински совет за добитна комбинација.

- Оглас -

Најнови вести