Андреј Јакимовски со 25 поени и 11 скока беше најкорисниот македонски кошаркар на дуелот со Азербејџан, и покажа дека со него во составот, како и со Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, тимот е многу посилен.
„Ова е прв добар чекор за нас во овој циклус, влеговме како фаворити и го оправдавме тоа. Има уште многу до нашата цел. На добар пат сме, се надевам дека ќе бидеме комплетни и ќе стигнеме таму каде што сакаме. Сега нашиот фокус е на Ирска. Мислам дека се посилни од Азербејџан. Треба да го искористиме периодов да се воиграме, и да се подобруваме. Имав доста измешани емоции. Сакав и претходно да играм за репрезентацијата, но од оправдани причини не можев, Среќен сум што сум тука, задоволен сум како одиграв вечерва, но секогаш може и подобро “, рече Јакимовски.

