Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, ја истакна големата самодоверба на неговата екипа пред осминафиналето на ЕВРО 2024 со Италија, и рече дека тимот едвај го чека натпреварот.
Инаку, шест швајцарски репрезентативци настапуваат во италијански клубови. Швајцарија нема пораз (две ремија и една победа), додека Аѕурите се провлекоа со гол во последните секунди на средбата со Хрватска.
„Не можеме да кажеме дека сме фаворити, Италија е Италија, но ремито против Германија ни даде голема самодоверба и не го криеме тоа. Искрено едвај чекаме. Подготвени сме, и од ментален аспект имаме доволно квалитет за да преживееме ваков натпревар. Не сакаме да се грижиме премногу за Италија, всушност мислам дека е спротивното, бидејќи работите добро функционираат за нас“, рече Јакин.