По победата на Вардар над Рајн-Некар, тренерот Роберто Парондо рече дека е среќен што неговиот тим победил бидејќи по долгата пауза, не знаел како ќе игра тимот.
„Задоволни сме од победата. Никогаш не знаете однапред што ќе се случува на еден меч по долга пауза. Но, ние добро почнавме, го натеравме Рајн-Некар да греши, игравме навистина добро“, изјави Парондо.
Тренерот Николај Јакобсен рече дека не е срамота да се загуби од Вардар.
„Не е срамота да се загуби од силен противник. Разочаран сум од исходот, сакавме и очекувавме повеќе. Моите играчи не беа на своето највисоко ниво, а тоа не е доволно против Вардар. Не сум задоволен од нашата претстава“, рече човекот кој пред неполни две недели со Данска ја освои светската титула.