Најголемата фудбалска тинејџерска ѕвезда, Ламин Јамал, гостуваше во програма во живо, каде што откри многу интересни работи од неговиот живот. Јамал има само 17 години, но блесна на Европското првенство, каде што беше еден од најзаслужните што Шпанија стигна до златниот трофеј.
Јамал вели дека по освојувањето на европската титула, животот му се променил на подобро, но и дека воопшто не планира да си замине од Барселона, иако неговата кариера е на самиот почеток.
„Никогаш нема да ја напуштам Барселона затоа што сакам да станам легенда на клубот. Неверојатно е чувството кога ме споредуваат со најдобриот во историјата, Лионел Меси, но сепак сакам луѓето да ме запамтат како Ламин Јамал“, вели младиот фудбалер, кој додава дека тоа што многу му се допаѓа во каталонскиот гигант е дека се грижат и за нефудбалските работи.
„Во клуб како што е Барселона те учат на живот. Имаме психолог и тој ме подготвува за животот“, додава Јамал. Младиот фудбалер вели дека не сака да игра видеоигри затоа што е лут бидејќи неговата оценка била мала. Перформансите на Јамал се оценети со 81, што е малку за еден врвен фудбалер, но факт е дека тинејџерот има слаб дел во играта, а тоа е одбраната.