Јамал е незадржлив, сега е и втор најмлад стрелец во историјата на ЛШ (Видео)

Монако и Барселона играат 1:1 по првиот дел во мечот од Лигата на шампиони, на кој Ламин Јамал покажа зошто е најдобриот млад играч во светот. Барселона е со играч помалку од 11 минута кога директен црвен картон доби Гарсија, а Монако тоа го искористи и поведе со 1:0.

Сепак, Барселона и со фудбалер помалку на теренот израмни. Јамал одлично се снајде и со шут од далечина погоди за 1:1. Со овој погодок Јамал стана вториот најмлад стрелец во историјата на Лигата на шампиони и тоа со само 17 години и 67 денови.

Пред Јамал остана само Ансу Фати кој е на клупата за резерви кај Барселона на овој меч против Монако. Фати, во 2019 година даде гол за каталонскиот гигант во ЛШ и тоа кога имаше само 17 години и 40 денови.

Нерешено е и на останатите три меча кои се играат во моментов. Атлетико Мадрид и Лајпциг играат 1:1, а истиот резултат е и на Брест – Штурм. Голови единствено нема на пресметката меѓу Аталанта и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести